Патници кои летаат за САД мора да се тестираат на Ковид-19

Сите патници кои по воздушен пат сакаат да влезат во САД мора и понатаму, без разлика дали се вакцинирани или не, да имаат негативен тест на Ковид-19, објави Белата куќа.

„Постојано ги проценуваме нашите одлуки, но актуелните правила за тестирање за сега остануваат на сила“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер во средата, пренесе ДПА.

Според одлуката на американската влада, сите кои влегуваат во САД по воздушен пат мора да се тестираат ден претходо.

Тоа се однесува и на американските државјани и на странските патници, без оглед на тоа дали се вакцинирани или не.

Правилото не се однесува на оние кои скоро прележале Ковид-19, а за тоа имаат медицинска потврда. Исто така, тестирањето не е задолжително за оние кои летаат во внатрешноста на земјата, а немаат ни обврска да носат маски во авионите

Back to top button
Close