Патник станал агресивен во авион, па бил врзан со леплива лента за седиштето

Патник на лет на „Американ ерлајнс“ бил уапсен поради недолично и агресивно однесување, откако инцидентот во авионот довел до принудно пренасочување на летот кон аеродром во Балтимор.

Screenshot

Станува збор за 67-годишниот Артур Лундин од Аризона, кој по слетувањето бил уапсен од полицијата на Управата за транспорт на сојузната држава Мериленд. Според полицијата, за време на летот неговите раце биле врзани со пластични врвки, а бил прицврстен и за седиштето со леплива лента.

Летот полетал од Далас и требало да пристигне во Њуарк, но поради инцидентот авионот околу 22:15 часот по локално време бил пренасочен кон Меѓународниот аеродром „Балтимор-Вашингтон“. Случајот го истражуваат и Федералното истражно биро и американската Федерална управа за авијација.

Еден од патниците, Хуан Мехиа, кој претходно работел во органите за спроведување на законот, изјавил дека кон крајот на летот слушнал врева и галама.

Според неговите зборови, Лундин почнал агресивно да се однесува, упатувал навреди кон членовите на екипажот и другите патници, користел расистички навреди и вулгарен јазик, а бил навредлив и кон жени кои седеле во редот зад него.

Надлежните не ги соопштиле сите детали за случувањата во авионот. Двајца патници изјавиле дека останале покрај Лундин сè до слетувањето во Балтимор, кога во авионот влегле припадници на органите на редот и го презеле.

Лундин бил изведен од авионот и уапсен, по што летот продолжил кон Њуарк.

Полицијата на Управата за транспорт на Мериленд соопштила дека Лундин е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир и за напад од втор степен, поради инцидентите што се случиле во авионот и на аеродромот „Балтимор-Вашингтон“.

Back to top button
Close