Пегула спаси пет меч топки и го освои трофејот на ВТА 500 во Берлин


Руската тенисерка Ана Калинскаја попладнево загуби од Американката Џесика Пегула во финалето на турнирот од серијата ВТА 500 во Берлин со 7:6 (7:0), 4:6 и 6:7 (3:7).

Русинката пропушти пет меч топки и дозволи победа за Американката.

Натпреварот траеше 2 часа и 32 минути. За Пегула мечот беше втор во денот. Таа претходно ја победи Коко Гауф во презакажаното полуфинале.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 922.573 долари.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close