Пелистер домаќин на ТФТ во Суперлига, Јончевски и Гостивар се разделија

 Во кошаркарската Суперлига денес на распоредот е еден натпревар од 2. коло. Во Битола од 17 часот, лидерот на табелата, тимот на Пелистер го пречекува ТФТ кој е на добар пат да обезбеди пласман во полуфиналето на плејофот.

Првата средба од 2.коло одиграна пред два во Гостивар каде победа над истоимениот клуб оствари Феникс, е причината за крај на соработката меѓу гостиварци и тренерот Александар Јончевски.

-Кошаркарскиот клуб Гостивар и тренерот Александар Јончевски спогодбено ја прекинаа едногодишната соработка.

Му благодариме на досегашната соработка и му посакуваме успех во понатамошната кариера, стои во објавата на КК Гостивар.

Третиот дуел од второто суперлигашко коло ќе се игра на 25 април кога МЗТ Скопје Аеродром ќе го пречека Еуро Никел од Кавадарци

Back to top button
Close