Пендаровски: Досега нема стратешки договор со Британија

Владата најави стратешки договор со Обединетото Кралство, но досега видовме само меморандум за соработка. Во она што го видовме, нема ништо стратешко, вели во интервју за ДВ поранешниот претседател Стево Пендаровски.

 

„Договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија не е потпишан.“

„Тоа што ни е дадено на увид и што е ратификувано во средата попладне, не е договор за стратешко партнерство“, вели во разговор за Дојче Веле поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски.

„Тоа, според својата содржина, може да биде меморандум за соработка, дури и почетно писмо за намери во кои двете влади набројуваат четири области во кои допрва треба да седнат работни групи и да прецизираат какви проекти би работеле. И според таа содржина генерална, не станува збор за ништо стратешко туку  станува збор за кредитирање на проектите кои допрва ќе бидат прецизирани од двете страни- британско кредитирање за инфраструктурни проекти во Македонија. Тие најавуваат дека е можно да постои втор договор после овој кој би бил за стратешките аспекти на нашите билатерални односи со Лондон. Да сме живи и здрави можеби и тоа еден ден ќе биде. Но ова нема врска со никаква врска со стратегија, тоа е начелен договор допрва да седнеме и да видиме што вам ви треба за кредитирање“, вели Пендаровски.

Пендаровски: Досега нема стратешки договор со Британија

01:31

Интервјуто на поранешниот претседател Пендаровски утре ќе биде во целост објавено на Дојче Веле.

Back to top button
Close