Пендаровски на средба со делегација од Пацифичкиот Совет од САД: Поддршката од најголемиот стратешки партнер е важна за евроинтеграциите
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД.
Како што соопштија од Кабинетот на Пендаровски, тој посочил дека поддршката од САД, како најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО и натаму е важна за продолжување на патот на Македонија во ЕУ.
– На средбата соговорниците разменија мислења и за севкупната соработка на Македонија со САД во контекст на стратешкото партнерство меѓу двете држави и соработката на невладиниот сектор. Истовремено, стана збор и за случувањата на геополитички план, како и за состојбите во поширокиот регион, се вели во соопштението.
Претставниците на организацијата го информирале Пендаровски за текот на нивните активности коишто се во насока на глобален ангажман, дијалог и соработка