Пентагон: На Украина ќе и дадеме оружје вредно 300 милиони долари

Американското Министерство за одбрана ќе и даде на Украина оружје во вредност од 300 милиони долари, соопшти Пентагон.

 

Новиот одбранбен пакет во себе ќе вклучува дронови, ракетни системи, оклопни возила, муниција, безбедни комуникациски системи, митралези, медицински материјали и слично.

Новата пратка на оружје, како што соопштува Пентагон, нема да дојде наскоро бидејќи најавата не се однесува на оружје и системи кои американските власти веќе ги поседуваат, туку на нарачка од производителот.

„Оваа најава претставува почеток на процесот на склучување договори за да се овозможат нови способности за украинските вооружени сили -соопшти Пентагон.

Владата на САД веќе вети 1,65 милијарди долари помош за Украина, откако беше нападната од руските сили на 24 февруари.

Во меѓувреме, Украина и натаму тврди оти го контролира својот воздушен простор.

„Непријателот никогаш, ниту во моментов не го контролира украинското небо“ напиша на Фејсбук командантот на воздухопловните сили Микола Олешчук.

Олешчук вели дека Русите сè помалку напаѓаат со авиони, а сè повеќе со проектили од далечина, пренесува агенцијата ДПА.

Тој од западните сојузници побара дополнително оружје за Украина, вклучувајќи борбени авиони и противракетни системи

 

 

Back to top button
Close