Пешевска: Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе обезбеди поевтина струја

16 јули 2021 

интегрален текст од изјава за медиуми

Жаклина Пешевска, пратеничка на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе обезбеди поевтина струја, бесплатен приклучок на гас за домаќинствата и здрава животна средина.

ВМРО-ДПМНЕ има план како да го продолжи животниот век на термоелектраните во Битола и Осломеј до 2040 година, тоа ќе значи поголемо производство на струја и поевтин енергенс за домаќинствата.

Продолжувањето на животниот век на двете термоелектрани ќе ги зачува и работните места на илјадници вработени во двата комбината, кои нема да останат без работа, што ќе се случи ако СДСМ остане на власт.

Со ВМРО-ДПМНЕ и ќе се зачуваат работни места и ќе има поевтина струја.

Ќе ја смениме тажната реалност и тоа што во 21 век Македонија се уште нема гас за домаќинствата.

Во еден мандат општинските и градските власти од ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбедат бесплатен приклучок на гас, а планот е и до 50% од домаќинствата да имаат пристап до овој енергенс за 4 години.

Со воведување на гасот и исфрлање на тврдите горива за греење ќе се намали загадувањето на воздухот и ќе се подобри животната средина.

Со концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе ја развиваме Македонија.

Ви благодарам.

Со почит,

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close