Песков и Захарова на новата листа на британски санкции

Новиот список на санкции од Велика Британија, кој беше објавен денеска, вклучува членови на руската елита со вкупно нето богатство од 100 милијарди фунти (130,63 милијарди долари), а на него се ипортпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.

„Ние се движиме подалеку и побрзо од кога било со таргетирање на најблиските до рускиот претседател Владимир Путин од големите олигарси до неговиот премиер и пропагандистите кои ги шират неговите лаги и дезинформации“, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во изјавата.

Износот на нето вредноста на поединците на листата на санкции се заснова на проценките на Форбс, додаде Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство.

Back to top button
Close