Песков: Поради обновените односи меѓу САД и Русија, ЕУ може да го промени својот став кон Вашингтон

Имајќи предвид дека е воспоставена нова динамика во руско-американските односи, можно е Европската унија да го промени ставот кон Вашингтон, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Како понатаму ќе се трансформира ставот на политичарите во Европа, со оглед на оваа нагла промена на динамиката на руско-американските односи, ќе видиме, ќе покаже времето“, рече Песков во интервју за ТВ каналот „Русија-1“, пренесуваат руските медиуми.

Песков ги коментираше и зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно за француски весници изјави дека не ја исклучува можноста за обновување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин.

Back to top button
Close