Песков: Русија ќе реагира на провокациите на Бугарија и Чешка

– Русија нема да го толерира односот кој го покажаа Чешка и Бугарија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Што прават Чесите сега, како Бугарите им се придружуваат, како останатите им се приклучуваат во рамки на оваа таканаречена озлогласена солидарност. Ние веќе нема да толерираме. И тоа јасно го демонстрираме. Русија реагира и ќе реагира. Вакви слични провокативни чекори и апсолутно неприфатливи, неосновани обвинувања против Русија нема да останат без одговор, додаде Песков.

Тој не прецизираше какви точно соодветни мерки ќе бидат преземени.

– Не сакам да бидам конкретен, не ја гледам поентата во тоа. Во секој случај, секоја акција од Русија ќе биде спроведена во наш сопствен интерес, додаде Песков.

Back to top button
Close