Песков: Русија продолжува да ја шири безбедносната зона, Киев ја продолжува ескалацијата

– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија продолжува да ја шири безбедносната зона во Украина, додека Киев продолжува да ја ескалира ситуацијата.
– Русија останува отворена за постигнување на целите преку мирни политички и дипломатски преговори, претседателот Путин останува отворен. Но, во услови каде тоа е невозможно, поради недостиг на подготвеност на режимот во Киев, продолжуваме со специјалната воена операција, посочи Песков.
Тој повтори дека во Украина нема волја за преговори.
Песков истакна и дека украинските напади врз нуклеарната централа во Запорожје се исклучително опасни.
Што се однесува до потребата од дискусија за нуклеарната централа Запорожје, на ниво на Меѓународната агенција за атомска енергија, таа е недвосмислена, бидејќи терористичките активности на Киев врз критично важниот објект ескалираат и се исклучително опасни, потенцира Песков.






