Пет смртни случаи од горештините во Италија

Пет смртни случаи се пријавени во Италија, каде што се очекува температурите да достигнат 45 степени Целзиусови на југот од земјата, додека екстремните горештини продолжуваат да погодуваат делови од јужна Европа.

До 10 часот наутро во среда, температурите веќе надминаа 30 степени Целзиусови на Сицилија.

Турција и Грција исто така се соочуваат со високи температури, при што Истанбул достигна 36 степени Целзиусови, а грчкиот остров Лезбос 38 степени Целзиусови во исто време.

Во Атина, Акрополот и другите популарни антички места ќе бидат затворени од пладне. На работниците за достава, градежните работници и земјоделските работници им е кажано да престанат да работат.

Грчкиот закон бара вакви мерки за работа на отворено кога температурите ќе се искачат над 40 степени Целзиусови, што се очекува во среда и во наредните денови.

Лекарите предупредија дека постарите лица, а особено малите деца, не треба да поминуваат време на отворено, дека луѓето треба да пијат многу вода и да избегнуваат алкохол.

Највисоко ниво на предупредување

Италијанските власти соопштија дека само во јужниот регион Пуља, имало најмалку пет смртни случаи што би можеле да бидат поврзани со високите температури во последните неколку дена.

Во Палермо, главниот град на Сицилија, е на сила највисокото ниво на предупредување за топлина. Предупредувања за топлина се на сила и во повеќе од десет други градови.

Се очекува област со висок притисок од Африка, која метеоролозите ја нарекоа Камила, да донесе температури до 45 степени Целзиусови во јужна Италија.

Турција, исто така, страда од топлината. Во вторник, температури над 40 степени Целзиусови беа регистрирани во шест од 81 покраини во земјата, а се очекува температурите дополнително да се зголемат во среда.

Грешината ја влошува сушата, што овозможува пожарите да се шират побрзо

Back to top button
Close