Пет загинати и 15 повредени во напад во црква во Конго

Најмалку пет лица загинаа, а 15 се повредени денеска при бомбашки напад врз протестантска црква во градот Касинди во источната Демократска Република Конго.

Според портпарол на армијата, постои сомневање дека нападот го извршил исламистички милитант.

Британски „Мирор“ објави дека нападот се случил за време на церемонијата на крштевање.

Back to top button
Close