Петар Богојески стана директор, ќе управува со парите од „Еразмус“
Лидерот на „Македонски концепт“, е поставен за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Најголем дел од фондот на пари со кои располага агенцијата доаѓа од „Еразмус+“, програмата на Европската Унија наменета да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во земјите во Европа, меѓу кои и Македонија.
Богојески е назначен на функција на местото на Марко Ѓоргиевски, кој ја водеше оваа институција од ноември 2020.
Оваа државна агенција се најде под истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), од каде лани побараа поврат на 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.
Тој во јавноста стана познат во 2018 кога како „реформатор и фракционер“ беше разрешен од функцијата заменик генерален секретар во ВМРО-ДПМНЕ.
Тој беше еден од лидерите на иницијативата за реформи во партијата која почна во времето на Никола Груевски особено во поглед на начинот на кој се определуваат оние кои го бираат лидерот и раководството на партиските конгреси со цел тоа да биде понезависно од други влијанија и интереси.
Извор: Фактор