Петер Соренсен ќе биде специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, потврдија амбасадорите на ЕУ

Амбасадорите на Европската унија (ЕУ) денеска потврдија дека дипломатот од Данска, Петер Соренсен, ќе биде специјален претставник на блокот за олеснување на дијалогот меѓу Косово и Србија.

Соренсен беше избран од високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас да го замени Мирослав Лајчак на таа функција.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе дадат конечно одобрение в понеделник, за Соренсен да може да го започне својот мандат на почетокот на февруари.

Мандатот на досегашниот пратеник Лајчак истекува на 31 јануари.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close