Петков: Кирил и Методиј ѝ го оставија највредниот дар на Бугарија, а тоа е – бугарската азбука

Бугарскиот премиер Кирил Петков го честиташе Денот на светите браќа Кирил и Методиј, при што кажа дека тоа е ден на бугарската азбука, образование и култура на словенската литература.

„Светите браќа Кирил и Методиј ѝ го оставија на Бугарија најголемиот аманет – писменоста. Азбука преку која ја оставаме најсветлата трага во светската историја. 24 мај е најсветлиот празник кој нè прави горди што сме Бугари“, кажа Петков.

“Бидете горди, бидете храбри, борете се за вашите соништа“, додаде тој.

Back to top button
Close