Петровска: Дали уапсениот директор на Инспекторатот за земјоделство парите од поткуп ги носел кај министерот?

На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска на говорница извади фотографии од апсењето на директорот на Инспекторатот за земјоделство.

Според фотографиите што Петровска ги прикажа, директорот бил уапсен на подземниот паркинг во Џевахир, каде стан според Петровска имал и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Локацијата на апсењето на директорот е во подземна гаража од каде се оди кон станот на Цветан Трипуновски“ рече Петровска.

„Имаше едно скромно соопштение, јас повеќе би рекла срамежливо, немаше многу детали, освен дека е уапсен (директорот на Државниот инспекторат за земјоделство н.з) заради примање поткуп во висина од 50 000 евра. Потоа не чувме ништо дополнително, никакви објаснувања и така натаму. Но, една фотографија која беше објавена, а е од чинот на апсење, тоа е оваа фотографија овде, беше објавена на порталите, на медиумите, всушност ја откри вистината која Министерството за внатрешни работи сакало да ја скрие.

Ако внимателно се погледне оваа фотографија, која намерно или ненамерно е направена поприлично тесно, односно заднината да не се гледа многу, меѓутоа некој што знае, шепнал, ја шепнал локацијата каде таа фотографија е направена. Па од поширок агол се гледа многу поубаво. Што е заедничко за овие две фотографии? Првата од апсењето, долу, овде, речиси покрај возилото има едни ознаки. На истата оваа фотографија ги има истите тие ознаки што потврдуваат дека е истата локација“,рече Петровска.

Локацијата, како што посочи таа, никогаш не била откриена во јавноста.

„Дали намерно или ненамерно, таа е локацијата во подземни простории, гаражи, кои водат до домот на министерот за земјоделство. Каква случајност. Доказ за тоа е овој имотен лист кој потврдува дека на оваа локација, на улица ‘Матеја Матевски’ во Скопје, на истата адреса стан има и министерот за земјоделство. Тоа никогаш не беше кажано ниту во прес-конференциите ниту во соопштението.

И оттука, моето јасно прашање до вас е: дали вие или некој друг свесно и намерно во Министерството за внатрешни работи ја прекина операцијата, односно го уапси директорот пред тој да ги достави парите токму до министерот за земјоделство? ‘И брат да е, ќе одговара’, така велевте, па сега да видиме“,рече Петровска, поставувајќи го прашањето.

Петровска кажа дека тој податок околу локацијата на апсење никогаш не била објавена и го праша министерот за внтрешни работи Панче Тошковски директорот имал намера да ги однесе парите на министерот и дали поради тоа бил уапсен на паркингот пред да отиде кај министерот?

„Го уапсивте само директорот а не и крајниот корисник на тие средства“, рече Петровска

Back to top button
Close