Петровска: Власта ќе побрза со спојувањето на АНБ и АР за на елегантен начин да го разреши Христовски

Пратеничката на СДСМ во Собранието и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска вели оти нема да биде изненадена ако во наредните неколку недели во парлементот биде поднесе закон за спојување на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнање (АР). Со тоа, како што вели таа во неделното интервју за Радио Слободна Европа, власта на „елегантен“ начин ќе го „разреши“ директорот на АНБ, Бојан Христовски по бројните прашања што ги отвори неговото назначување, и ќе назначи нов директор на таа нова Агенција.

Пратеничката на СДСМ во Собранието и ексминистерка за одбрана, Славјнака Петровска во неделното интервју на РСЕ / Фото: Принтскрин

Според неа, актуелната власта нема капацитет да го спроведе спојувањето на АНБ и АР, но под притисок на „скандалот“ со Христовски, ќе сака да го направи тоа што е можно побргу.

 

„И не би се изненадила ако во наредните неколку недели, до крајот на оваа година тој закон биде поднесен во Собранието, затоа што мислам дека тоа ќе им биде исто така еден „елегантен“ начин како тие да го избегнат повлекувањето на овој директор, едноставно ќе назначат нов на таа заедничка, да речам, разузнавачка служба, односно една Агенција“,  вели Петровска во нејзиниот одговор на прашањето што мисли за идејата за спојување на двете агенции во една.
Околку тоа како би функционирале тие заедно, имајќи го предвид објаснувањето на премиерот, Христијан Мицкоски дека ваква пракса со една безбедносно-разузнавачка агенција има во дел од европските земји, коментарот на Петровска е дека од прагматичен аспект може да се направи спојување. Но, како што додаде, тоа да не биде само физичко, со донесување на закон, туку решението треба да ги опфати и суштинските елементи, а тоа се департизацијата и деполитизацијата на службите.

 

Back to top button
Close