Петта жртва на западнонилска треска: Почина 73-годишен пациент од (Ново Лисиче) Скопје

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход.

-Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ставен на респираторна поддршка, истакна Цана.

Починатиот е од Скопје, од Аеродром (Ново Лисиче).

Заедно со него, до денес вкупно пет лица се починати од западнонилска треска во државава.

Според директорот на Клиниката за инфективни болести, заклучно со денеска се хоспитализирани 21 пациент, од кои 18 со потврдена инфекција на вирусот и невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се сметаат за суспектни.

-Скоро секој ден по некој се хоспитализира и бројката на Клиниката е околу 20 до 21, рече Цана.

Back to top button
Close