Петтиот „Џез фест“ во Тетово на отворена сцена на музичкото училиште

– „Џез фест 2020“ годинава ќе се одржи на отворена сцена во дворот на музичкото училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ во Тетово, најавуваат организаторите. Предвидени се три вечери, од 25 до 27 август, на кои ќе настапат три групи.

Како што соопштија организаторте, првата вечер, 25 август, ќе настапи Сашо Поповски трио, наредниот ден – Сетстат бенд, а на последната вечер, 27 август, ќе гостува Влашент Сата бенд од Албанија. 

Сите концерти ќе почнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен.

Back to top button
Close