Пијан патник каснал стјуардеса, авионот итно морал итно да се врати
Јапонски авион кој летал за САД бил принуден да се врати во Токио откако еден пијан патник каснал стјуардеса среде лет.
Портпаролот на јапонската авиокомпанија „АНА“ изјави дека патникот, идентификуван како 55-годишен Американец, бил пијан кога каснал стјуардеса за рака, и полесно ја повредил.
Јапонските медиуми објавија дека патникот ѝ рекол на полицијата дека зел апче за спиење и не се сеќава што се случило.
Инцидентот се случил додека авионот со 159 патници бил над Тихиот Океан, кога пилотите решиле да го вратат назад на аеродромот „Ханеда“ во Токио, каде што пијаниот патник ѝ бил предаден на полицијата