Пијан возач предизвика сообраќајка во Штип – 1,89 промили алкохол, приведен на лице место
На 30 мај 2025 година околу 19:00 часот на улицата „Генерал Михајло Апостолски“ во Штип се случила сообраќајна несреќа во која возачот Љ.С. (63) од Штип, управувајќи патничко возило „Опел“ со штипски регистарски ознаки, удрил во возило „Пежо“ управувано од 40-годишната В.К., исто така од Штип.
„По интервенција на полициски службеници од СВР Штип, извршено е алкотестирање на Љ.С., при што било утврдено присуство на 1,89 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода во 19:39 часот, по што бил задржан во Полициската станица“, велат од МВР и додаваат:
За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против Љ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик.