Пилот им понуди по 500 евра на 20 патници за да го напуштат авионот
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се слуша како пилот на EasyJet им се обраќа на патниците со неверојатно барање. Бидејќи авионот бил премногу тежок за безбедно да полета од аеродромот Ланзароте на Канарските острови поради силните ветрови, високите температури и должината на пистата, тој побарал 20 доброволци да го напуштат авионот.
Снимката беше објавена на Твитер со натпис: „Капетанот на летот на easyJet U23364 меѓу аеродромот Ланзароте и Ливерпул побара 20 патници да го напуштат летот бидејќи пресметал дека авионот е премногу тежок за безбедно да полета поради силните ветрови, високата температура и должината на пистата. Им беа понудени 500 евра“, се вели во социјалната мрежа.
После тоа, тој побара да се јават 20 волонтери кои нема да летаат за Ливерпул и истакна дека таквите патници ќе добијат 500 евра.