Пинг понг федерацијата на Македонија домаќин на 3 светски настани

Македонска федерација за пинг понг најавува три големи настани од кои два првпат се одржуваат во Македонија.

1. World Table Tennis (WTT) Contender во Скопје од 9 до 15 Јуни. Ќе присуствуваат најдобрите светски пинг понгари во сениорска категорија. Ова е прв настан од овој тип.
2.Олимписки летни младински игри во пинг понг од 20-ти до 26-ти Јули. Уште еден настан како „првенче” во Македонија. Македонската федерација е домаќин и го организира пинг понг делот на овие европски олимписки игри.
3. Во септември се враќа младинскиот натпревар на ѕвездите – WTT Youth Star Contender со најдобро рангираните младински натпреварувачи од Европа и Светот. 5 до 7 Септември сала Јане Сандански, Скопје.

Од федерацијата велат дека организацијата на овие натпревари е големо признание за нив и за македонскиот пинг понг, а постојаното организирање на нови настани значи и напредок во капацитетите за организација на светски настани со врвни натпреварувачи.

Back to top button
Close