Пиоли: Милан ќе се обиде да победи на сите преостанати натпревари

epa09705578 Milan’s head coach Stefano Pioli reacts during the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Juventus FC in Milan, Italy, 23 January 2022. EPA-EFE/Roberto Bregani

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли најави борба за шампионскиот трофеј во Италија до крајот на првенството.

Милан синоќа во  34. коло од Серија А го победи Лацио со 2:1.

– Имаме право е да бидеме среќни и задоволни од оваа игра и од нашите навивачи, кои уште еднаш се покажаа како фантастични. Горд сум на моите играчи и да сум на нивна позиција би бил лут затоа што луѓето не им ја даваат почитта што ја заслужуваат. Низ годините се докажаа на највисоко ниво. Ќе се обидеме да ги добиеме сите преостанати натпревари. Можеби нема да успееме, но ќе вложиме максимални напори за тоа. Против Лацио лошо го започнавме натпреварот и примивме гол кој можеше да се избегне. Сепак, ја покажавме нашата способност да се вратиме на вистинскиот пат, да останеме во игра и да продолжиме да се бориме. До крај верувавме во себе, бидејќи чувствувавме дека можеме да победиме и го сторивме тоа, изјави Пиоли.

Милан со 74 бода е на првото место во поредокот, пред Интер, кој има два бода помалку но и натпревар помалку (27 април – меч со Болоња во 20. коло). 

Back to top button
Close