Пиоли збунет од многубројните повреди во Милан

Најдобриот фудбалер на Милан, Рафаел Лео се повреди на вчерашниот натпревар со Лече во 12. коло од Серија А. Крилниот напаѓач беше заменет во 10. минута поради повреда.

Исто така, по првото полувреме, дефанзивецот Давиде Калабрија не можеше да игра понатаму поради повреда.

Од почетокот на сезоната во Милан се идентификувани 16 мускулни повреди. Ова го коментираше Стефано Пиоли на прес-конференција по ремито со Лече (2:2).

-Навистина имаме многу слични повреди и, искрено, не наоѓам објаснување за ова. Тоа веќе не може да биде само лоша среќа. Со вакви чести игри се зголемува нивото на физички и психички стрес и тоа може да влијае на играчите, изјави главниот тренер на Милан.

Милан по 12 кола има 23 бода и во моментов е трет во калчолигашкиот поредок.

Back to top button
Close