Пивоваров: Најдобро е премиерот Мицковски да упати демант до британските медиуми
„Најдобро е премиерот Мицковски да упати демант до британските медиуми, до нашиот амбасадор и тој мора да биде објавен“, предложи Пивоваров во вечерашното гостување на ТВ Телма.
Тој објасни дека ние немаме никаква допирна точка со британската рута и нивната африканска рута која што доаѓа од Шпанија, преку Франција.
Договори има потпишано но, јавно кажувам дека меѓународното право не функционира, она што го вели премиерот ако ги фатиме мигрантите ги враќаме во Грција но дали еден мигрант ја има прифатено Грција- нема, секогаш ни одговараат треба да направиме консултации со Атина, а тоа се илјадници случаи. Што е суштината на тоа дека со камери ќе го решиме прашањето – нема да го решиме, бидејќи луѓе стојат позади тие камери. Еве на пример, Бугарија како членска на ЕУ, доби од ФРОНТЕКС 80 милиони евра и дронови и бродови и хеликоптери… и се е за џабе. Криминалците толку се осилија што убија четири полицајци во Бугарија. Главното прашање се луѓето, криминалците кои ова го организираат. Во извештајот на Европол стои дека секоја година, криумчарите од Македонија заработуваат околу 28 милиони евра, истакна Пивоваров.







