Пламен Николов е кандидат за премиер на Бугарија

Пратеникот Пламен Николов е кандидат за премиер на Бугарија, предложен од партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов. Бугарскиот претседател Румен Радев попладнево му го врачи мандатот, а Николов изјави дека ќе направи сè што е во негова можност за да формира влада во законскиот рок.

Досега бугарските медиуми шпекулираа дека најсериозен кандидат е Петар Илиев, но непосредно пред претставници на „Има таков народ“ да се упатат кон кабинетот на Радев стана јасно дека Трифонов, сепак, го променил мислењето и се одлучил Николов да биде мандатар за формирање влада.

При земањето на мандатот, Николов беше придружуван од претседателот на Генералното собрание на „Има таков народ“, Тошко Јорданов, и од неколку пратеници.

Пламен Николов има докторат по филозофија на право, политика и економија. Тој се образовал на софискиот универзитет „Св.Климент Охридски“, каде станал магистер на филозофија на науката. Потоа, продолжил во Австрија каде специјализиран на универзитетот во Клагенфурт.

Годинава тој стана пратеник од редовите на „Има таков народ“ а претходно има 15-годишно работно искуство во развој на деловна активност и менаџирање проекти, бил на чело на канцеларијата на американска компанија за Европа, Азија и Африка и бил одговорен за деловните перформански на истата на пазарите во 67 земји.

 

 

 

 

 

Back to top button
Close