Пленковиќ и Фон дер Лајен ќе го одбележат влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска, по повод влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната, ќе го посетат хрватско-словенечкиот граничен пункт Брегана.

На границата треба да ги пречека претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Подоцна во текот на денот на централниот плоштад во Загреб „Бан Јосип Јелачиќ” Пленковиќ и Фон дер Лајен ќе се напијат кафе, кое ќе го платат во евра.

Back to top button
Close