ПМФЛ: Шкендија го совлада Скопје

Фудбалерите на Шкендија триумфираа попладнево на гостински терен над Скопје со 2-0 во завршниот натпревар од 24 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Со трите бодови Шкендија се доближи на бод до второпласираниот Шкупи, а пет помалку од лдиерот Струга, додека Скопје остана на претпоследното место со бод повеќе од Победа,

ПМФЛ-24 коло:

Скопје – Шкендија 0:2

Натпревари одиграни вчера:

Академија Пандев – Шкупи 1:1

Победа – Силекс 1:5

Работнички – Струга ТЛ 0:1

Тиквеш – Македонија ЃП 0:1

Слободна во ова коло беше Брегалница.

Табела: Струга ТЛ 46, Шкупи 42, Шкендија 41, Силекс 38, Брегалница 32, Тиквеш 29, Македонија ЃП 29, Работнички 24, А. Пандев 20, Скопје 14, Победа 13.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close