ПМФЛ: Шкендија испушти два бода на дуелот со Гостивар, Вардар излезе од зоната на испаѓање

 Преостанатите пет натпревари од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига се одиграа попладнево, по кои Вардар ги напушти позициите кои значат директно испаѓање, додека Шкендија пропушти шанса да се доближи до лидерот Шкупи на само еден бод. Тетовци на дуелот со Гостивар до 86.минута водеа со 2:0, но во финишот примија два гола од пенал.

Постигнати резултати на денешните натпревари во ПМФЛ:
Брера Струмица – Македонија ЃП 3:0
Шкендија – Гостивар 2:2
Тиквеш – Работнички 2:0
Вардар – Брегалница 2:0
Воска – Силекс 0:0.

Вчера Струга Трим Лум и Шкупи одиграа нерешено 2:2.

Табела: Шкупи 42 бода, Струга Трим Лум 41, Шкенидја 39, Силекс 28, Брера Струмица 26, Гостивар 26, Тиквеш 25, Работнички 24, Воска 21, Вардар 21, Брегалница 20, Македонија ЃП 18

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close