По 30 години бегство уапсен шефот на Коза ностра

Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Месина Денаро се смета за шеф на сицилијанската Коза ностра и е во бегство од 1993 година.

Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо.

Полицијата долго време се обидуваше да го фати, а покрај тоа што беше најбараниот во Италија, тој беше и меѓу 10-те најбарани криминалци во светот.

Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.

Тој, исто така, се соочува со доживотен затвор за неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во коизагинаа 10 луѓе.

Back to top button
Close