По два дена во бегство уапсен Велешанецот кој на пешачки ја усмрти 11 годишната Магдалена

По два дена во бегството полицијата го пронајде и уапси  29-годишниот велешанец Ангелчо, кој ја прегази и усмрти 11-годишната Магдалена , дознава „А1он“.  Сега, ќе биде сослушан за настанот, за потоа, по барање на обвинител да биде изведен пред суд. Судиите од Велес ќе треба да одлучат дали ќе му одредат мерка за обезбедување на присуство, а со оглед дека беше недостапен за органите на прогонот.

Според извори на „А1он“, возачот Ангелчо Н. не бил сам во автомобилот марка „мерцедес“, со кој ја прегази Магдалена. Со него биле уште неколку лица. Наместо да застане, по несреќата, продолжил со возење. Прво ги симнал сопатниците од автомобилот, па го оставил возилото, по што решил да се крие.

Back to top button
Close