По неколку часа чекање на Табановце колоните возила почнаа да се движат
25.12.2022 23:49
2,155 Читање помалку од 1м
Засега нема официјални информации дали завршила големата акција на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) што и беше причина за големиот застој на граничниот премин.

Претходно, од камерите можеше да се забележи километарската колона, како и нервозни граѓани кои постојано се движеа околу автомобилите, не знаејќи кога ќе можат да влезат на македонска страна. Револтираните граѓани кои чекаа неколку часа кажаа дека ниту еден автомобил не влегол во Македонија повеќе од три часа и се пожалија дека ова се случува на ниски температури без да добијат информација од службите за што точно станува збор.