По третпат се одложи повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово
Повторно е одложено повтореното судење за пожарот во тетовската модуларна болница, по третпат.
Инаку процесот на повторно судење го врати Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година.
Денеска рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, а судијка која го заменуваше истото го закажа за 15 јануари 2025 година, во 10 часот.
Првиот обид за повторното судење беше на 26 јуни оваа година, но истото се одложи за 25 септември, кога тоа исто така не се одржа.
Апелацискиот суд во април годинава донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект.
За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.