По три децении Раниери повторно во Каљари

 

Искусниот фудбалски стратег Клаудио Раниери (71) е нов тренер на Каљари, објави италијанскиот второлигаш.

Раниери со тоа се врати во клубот кој го предводеше пред 31 година, а во меѓувреме седеше на клупите на Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челзи, Парма, Јувентус, Интер, Монако, Фулам и Лестер. Најголемиот успех во тренерската кариера го постигна како тренер на Лестер, предводејќи ги „Лисиците“ до титулата англиски првак во 2016 година.

„Раниери е архитектот на двократната последователна промоција од Серија Ц во Серија А, а потоа и на незаборавниот опстанок во највисоката лига. Величенственото возење кое навивачите од Сардинија засекогаш ќе го паметат. Добредојде назад господине“, објави Каљари.

Клубот од Сардинија во моментов се наоѓа на 14. место на табелата во Серија Б со 22 бодови, шест повеќе од последнопласираната Перуџа.

Back to top button
Close