Победи на Филаделфија, Голден Стејт и Феникс во плејофот во НБА лигата

 Кошаркарите на Филаделфија го совладаа синоќа Бруклин со 102-97 и поведоа со 3-0 во првото коло од плејофот во Источната конференција во НБА лигата.

Филаделфија до триумфот ја предводеше Тајрис Макси со 25 поени, вклучувајќи и важна тројка на 44 секунди пред крајот на натпреварот.

Четвртиот натпревар е на програмата в сабота вечер на теренот на Бруклин.

Кошаркарите на Голден Стејт триумфираа над Сакраменто со 114-97 и намалија на 1-2 во првото коло од плејофот на Западот.

Актуелните НБА шампиони ги предводеше Стеф Кари со 36 поени, шест скокови, три асистенции и две украдени топки.

Четвртиот натпревар се играв недела вечер повторно во Сан Франциско.

Феникс во дуелот против ЛА Клиперс беше поуспешен со 129-124 и поведе со 2-1 во серијата до четири победи во првото коло од плејофот во Западната конференција.

Најефикасен во редовите на Феникс беше Девин Букер со 45 поени.

Четвртиот натпревар ќе се игра в сабота вечер, а домаќин е ЛА Клиперс.

Back to top button
Close