Победи на гостински терен за Алкалоид и Охрид

Ракометарите на Алкалоид и Охрид постигнаа победи на гостувањата во 16.коло од Супер лигата во Прилеп односно во Кавадарци. Алкалоид го совлада Прилеп со 39:33, додека Охрид беше уште поубедлив против Тиквеш со 31:19.
Од денешните натпревари од 16.коло нерешено заврши дуелот меѓу МРК Куманово и пролет 28:28, додека во дербито во Битола првакот Еурофарм Пелистер го совлада Вардар со 28:23.
Утре на програмата се другите два дуела: Еурофарм Пелистер 2 – Бутел и Радовиш – Струга.
Табела: Вардар 30 бодови, Еурофарм Пелистер 28, Охрид 25, Алкалоид 25, Тиквеш 16, Бутел 15, Еурофарм Пелистер 2 14, Прилеп 14, Пролет 12, МРК Куманово 5, Струга 4, Радовиш






