Почина Бранка Станковска, доајенот на македонското спикерство
Почина доајенот на македонското спикерство, Бранка Станковска, која генерации гледачи на Радио телевизија Скопје ја паметат како прва спикерка и водителка на Вестите.
Бранка Станковска е родена во Скопје на 30. Ⅳ 1931 и е позната како врвен радио и тв спикер и водител. Во Македонската радиотелевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.







