Почина фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров

Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените за жал во болницата во Штип го загубил животот.

Лазаров кој беше член на Шкупи од летово се здобил со изгореници кој на крајот се покажале како претешки за да преживее.

Неговиот клуб претходно објави дека тој е надвор од животна опасност, но ситуацијата подоцна се променила и за жал им подлегнал на повредите. Металург, Работнички и Тиквеш беа клубовите за кои настапуваше во Македонија, додека во Хрватска беше дел од Рудеш и Горица.

Back to top button
Close