Почина Мирослав Лазански

Утрово ненадејно почина еден од најдобрите новинари на Балканот Мирослав Лазански.

Тој исто така беше аналитичар, писател, воено политички коментатор.

Според информациите на српските медиуми 71 годишниот амбасадор во Русија починал од срцев удар која подоцна ја потврди и српското МНР. Лазански беше амбасадор на Србија во Руската Федерација, а на таа позиција беше именуван во 2019 година.

Како воено политички новинар кој известуваше од сите воени конфликти во светот меѓу кои војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, од ирачко-иранската војна, за време на војните во поранешна Југославија.

Беше посебно врзан за Македонија бидејќи бил војник во Битола и често доаѓаше кај нас.

Back to top button
Close