Почина Панчо од ДНК, тој е 63 жртва од пожарот во „Пулс“
По речиси седум месеци во болница, почина Владимир Блажев-Панчо од ДНК.
Тој изминатиот период го помина на лекување во „Систина“ каде се бореа со повредите со кои се здоби откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК.
Познато беше дека Панчо имал тешки изгореници на рацете и главата, но и влошена психичка состојба со која се борел заедно со еминентни докторски имиња. И покрај напорите, тој не успеал да се спаси. Официјални информации за тоа како се влошила здравствената состојба засега нема.
Панчо е деветтиот член на ДНК кој го изгуби животот. Тој е 63 жртва на страотниот пожар. Животот го загубија и пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.
Последно, за него беше покрената постапка од Обвинителството која беше ставена во мирување поради неговото болничко лекување. Со сомничеа дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката.