Почина прославениот фудбалски судија Шандор Пул

– Унгарскиот фудбалски судија Шандор Пул, кој го судеше финалето на Светското првенство 1994, почина денеска на 65-годишна возраст, соопшти Фудбалската федерација на Унгарија (МЛСЗ).

Пул во 1994 година го судеше мундијалското финале во кое Бразил ја совлада Италија на пенали, a tри години подоцна најнаградуваниот унгарски фудбалски судија го судеше и финалето во Лигата на шампиони во кое Борусија Дортмунд го победи Јувентус.

Пул четири пати едноподруго беше прогласуван за најдобар светски судија, од 1994 до 1997 година.

Судиската кариера ја почна во 1984 година, а последните неколку години работеше како потпретседател на судиската комисија на МЛСЗ.

Во интервју за унгарските медиуми во 2014 година, Пул рече дека задача на фудбалскиот судија е „што повеќе да ги анимира гледачите“.

Back to top button
Close