Почина трофејниот кошаркарски тренер Душан Ивковиќ

На 77-годишна возраст, почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ. Ова го соопшти претседателот на клубот Раднички, Горан Калиниќ.

„Денес во 6.50 часот Душан почина во болница во Белград“ – вели Калиниќ.

Ивковиќ работеше со клубови од Србија, Грција, Русија и Турција, а исто така ја водеше репрезентацијата на Југославија од 1988 до 1995 година. Заедно со репрезентацијата, трипати го освои Европското првенство и еднаш го освои Светското првенство.

Back to top button
Close