Починал, го погребале без протокол за Ковид 19, па позитивниот брис стигнал по закопот

Педесет и тригодишен скопјанец кој починал во скопска приватна болница, а кому посмртно му бил земен брис за коронавирус, и излегол позитивен, воопшто не бил погребан по протоколи за ковид 19, пишува СДК.мк.

Семејството го зело покојникот и го измило телото, го погребало со верски и народни обичаи, бидејќи во моментот немало позитивен резултат на коронавирусот, односно тестот бил во фаза на изработка.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, вели дека се анкетираат сите од фамилијата и вработените во приватната болница, за да се утврди дали има нов кластер.

Пациентот во тешка состојба бил донесен на приватна клиника, не можеле да го спасат со реанимација и не давал знаци на живот. Тој имал претходни пропратни болести, а влошена здравствена состојба имал неколку дена порано, но не викнале доктор ниту го однеле во болница.

Back to top button
Close