Почна гласањето за „Приказната за Силјан“: Филмот на Тамара Котевска во трка за престижно меѓународно признание

Денеска започна вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарен филм.
„Приказната за Силјан“, филмот на Тамара Котевска, се најде во оваа трка по успешната номинација во првиот круг.
Ова е единствена можност каде што публиката има клучна улога бидејќи победникот се одредува исклучиво врз основа на освоениот број на гласови.
Признанието Audience Choice Prize го издвојува документарецот што ја освоил светската публика во тековната година и во документарниот свет често се смета за предвесник за следниот голем успех, вклучително и влез во најтесниот избор за Оскар.
„Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни меѓународни конкуренти од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји, што, според авторите, треба да биде дополнителен мотив за посилен ангажман.
Гласањето се затвора на 16 декември 2025 година во 2 часот.
Дали филмот ќе влезе во потесната листа за „Оскари“ ќе биде објавено истиот ден, 16 декември, во 22 часот од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука.
Гласањето може да се изврши на следниот линк https://cinemaeyehonors.com/audience-choice-voting/






