Почнаа разговорите Бајден-Путин

  – Разговорите меѓу американскиот и рускиот претседател – Џозеф Бајден и Владимир Путин почнаа денеска во Женева во тесен формат.

Пред самитот, претседателите на САД, Русија и домаќинот, Швајцарија – Бајден, Путин и Гај Пармелин – направија заедничка фотографија пред вила Ла Гранж, каде што се одржува самитот, почитувајќи ја социјалната дистанца поради пандемијата.

Двајцата претседатели се ракуваа пред да започне самитот.

Путин му се заблагодари на Бајден за иницијативата за средбата и изрази надеж дека средбата ќе биде продуктивна, додека Бајден истакна дека средбата со Путин очи-во-очи е корисна.

Пармелин им посака успешен дијалог на Бајден и Путин и додаде дека е голема чест за Швајцарија да има можност да биде домаќин на двајцата претседатели. Тој им посака успех на двајцата претседатели на англиски и руски јазик.

Back to top button
Close