Поднесени четири пријави за „организирање на отпор“ за немирите во Кочани

Поднесени се кривични пријави против четири лица за „организирање на отпор“ за немирите во Кочани кои избија ден по трагедијата во дискотеката „Пулс“, дознава Инфомакс.

Покрај тоа, поднесена била и една кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем за случувањата во Кочани.

– По член 387 од Кривичен законик поднесени се 3 кривични пријави против 4 лица, По член 394-г од Кривичен законик поднесена е една пријава против едно лице. – стои во одговорот од МВР.

За организирање на отпор Кривичниот закон предвидува парична или казна затвор до три години.

Back to top button
Close