Поднесени обвиненија против четворица хрватски поранешни министри

Хрватската Канцеларија за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) денеска поднесе обвиненија против четворица поранешни министри во кабинетот на Андреј Пленковиќ – Дарко Хорват, Борис Милошевиќ, Томислав Толушиќ и Јосип Аладровиќ, како и четворица други осомничени во две гранки на истрагата, покрената поради наводни незаконитости при доделувањето стимулативни мерки.

Хрватските меидуми потенцираат дека никогаш во историјата на таа држава во едно обвинение не биле опфатени четворица поранешни министри. Иако сега сите четворица веќе ја напуштија функцијата, во моментот на покренување на истрагата против нив, во февруари годинава, во актуелната влада седеа тројца од нив: Дарко Хорват, Борис Милошевиќ и Јосип Аладровиќ. Четвртиот, Томислав Толушиќ, беше разрешен седум месеци претходно.

Хорват беше приведен на 19 февруари годинава и во истражен затвор мина 10 дена, а денеска е и официјално обвинет дека во 2018 година, во својство на министер за економија, претприемништво и занаетчиство, заедно со својот помошник, поттикнати од ко-осомничените лица, незаконски доделиле 2,6 милиони куни грантови на стопански субјекти за кои и тој бил лично заинтересиран. (1 куна=0,13 евра).

Како што е потврдено за Индекс, освен поранешните министри на Пленковиќ, обвинение е покренато и против уште четири лица – поранешната заменичка на Хорват, Ана Мандац, две лица од Министерството за регионален развој и фондовите на ЕУ – Катица Мишковиќ и државниот секретар Велимир Жунац – и поранешен член на ХДЗ и градоначалник на жупанија Дамир Јузбашиќ.

 

Back to top button
Close